| четврток, 6 декември 2018 |

Странците ги дисциплинираат ДУИ: Го искарале Османи за Законот за јазици и за нападот на полицајката

Претставници на странска амбасада вчера се сретнале со високи функционери на ДУИ во Секретаријатот за европски прашања, објави „Макфакс“.

Според „Макфакс“ средбата била неофицијална и прилично тајна и на истата присуствувале вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, и вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, Хазби Лика. Средбата се одржала зад затворени врати, откако вработените од кабинетот на Османи биле порано ослободени од работните обврски поради празникот 8 Март.

Долготрајната средба меѓу Османи, Лика и претставниците на странска амбасада доаѓа во време кога ДУИ инсистира на носење на Законот за јазици, но и сè посилните тонови од странците дека тој закон не е приоритет за Македонија, туку приритет се реформите.

Посетата на претставници на странската амбасада доаѓа и во време на силен притисок на јавноста и критика кон ДУИ за последниот инцидент со полицајката и Бекир Асани. Дали странците ќе бараат ДУИ да се огради од некои нејзини функционери, не е познато.

Вицепремиерот Бујар Османи не одговарал на телефонските повици од „Макфакс“. За средбата нема информации ниту на официјалната страница на Секретаријатот, каде што вообичаено се пишува за сите средби и состаноци на Османи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top