| четврток, 6 декември 2018 |

Американски генерал под истрага за издавање воени тајни на новинари

Поранешниот заменик-началник на Генералштабот на војската на САД, генерал во пензија, Џејмс Картрајт, е под истрага за издавање доверливи податоци на новинари.

Министерството за правда на САД ги истражува сомневањата дека Картрајт на новинар од „Њујорк тајмс“ открил детали од тајна програма „Стунет“ со која пред неколку години е нападната иранската нуклеарна програма.

Информациите за тајниот сајбер вирус биле објавени минатата година во „Тајмс“, „Њузвик“ и „Асошиејтед прес“ што довело до опсежна истрага на ФБИ за да се утврди кој е кртот.

Со оваа програма американската војска успеала во јули 2010 година да зарази компјутери кои се користеле во нуклеарната централа во Иран за да се онеспособи техниката која била употребувана за збогатување на ураниум, така што центрифугите почнале да вртат без контрола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top