Според светските агенции, нападите биле изведени ноќеска, а биле насочени кон базите на екстремистите во местото Ансонг, на околу 100 километри од границата со Нигер.
– Француските воени авиони изведоа успешен напад на исламистичките позиции во Ансонг и во ближните области, информирал воен извор за агенцијата Франс прес.
Веста за нападите ги потврдиле и извори во Нигер. Во меѓувреме повеќе од 2.000 војници од Чад и 500 војници од Нигер се испратени на позиции во близина на границата со Мали за да се отвори фронт против исламистите во рамките на напорите под покровителство на ОН да зајакнат африканските сили, а потоа да го преземат водството во офанзивата кое во моментот го има Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


