| четврток, 6 декември 2018 |

Околу 300 деца приведени на протестите во Турција

Околу 300 деца биле уапсени за време на протестите во Турција, се наведува во извештајот на асоцијацијата „Ѓунден чоџук“ за прекршување на правата на децата.

Во извештајот се наведува дека едно 17-годишно момче било повредено при полициска интервенција, биле регистрирани и случаи во кои децата биле изложени на солзавец, водени топови и звучни бомби, како и случаи во кои децата биле удирани со палки. Некои деца биле притворени во рамки на борбата против тероризмот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top