| четврток, 6 декември 2018 |

Емина Јаховиќ сама го слави Денот на жената: Го честиташе 8 Март и загрижи со својата објава!

Пејачката Емина Јаховиќ пред неколку недели објави дека се разведува од Мустафа Сандал, после 10 години брак, а разделбата на познатиот пар ја следат бројни шпекулации.

Емина во моментов минува низ тежок период. Таа најпрво неколку дена престојуваше во Србија со семејството, за да потоа се врати во Истанбул каде има намера да го продолжи животот како нејзините синови Јаман и Јавуз не би почувствувале голема промена.

Пејачката денеска направи преседан, па на социјалните мрежи на сите дами им го честиташе Денот на жените, а над пораката која ја објави, многумина се замислија.

-Над се, бидете хероини на својот живот, не жртви – напиша Емина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top