| четврток, 6 декември 2018 |

Братот на Бекир Асани му се заканувал на претседателот на ЗНМ, Насер Селмани

Братот на Бекир Асани, Бејтула Асани му се заканувал на претседателот на ЗНМ, Насер Селмани – потврдуваат од ЗНМ.

Селмани добил порака на Фејсбук со заканувачка содржина, а од здружението велат дека случајот е пријавен во полиција. Заканите доаѓаат откако Селмани на својот Фејсбук профил напиша дека правната држава клекна пред еден силеџија, за случајот со пајакот и полицајката. Очигледно со ова е запознаена и меѓународната заедница, бидејќи со осуда се огласи Претставникит на ОБСЕ за слобода на медиумите, Харлем Дезир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top