| четврток, 6 декември 2018 |

Пејачи од МОБ вечерва на сцената на Народниот театар во Гевгелија

По повод 8 март- Денот на жената општина Гевгелија заедно со Македонската опера и балет организира осмомартовски концерт наречен  „Љубов низ арија ти подарувам“.

Концертот ќе се одржи вечерва на 7 март (среда) во Народниот театар во Гевгелија, каде што врвни оперски пејачи од Македонската опера и балет ќе подарат љубов преку изведбата на популарни оперски арии. Настапуваат солистите Марјан Николовски, Ана Ројдева, Марија Наумовска и Никола Стојчевски во пијано придружба на Елена Сиљаноска.

Според договорот за соработка помеѓу општина Гевгелија и Македонската опера и балет, овој концерт е првиот од низата на концерти кои ќе се изведат во наредниот период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top