| четврток, 6 декември 2018 |

Главниот економски советник на Трамп поднесе оставка

Главниот економски советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Гари Кон, кој беше цврсто против воведување царини за увоз на челик и алуминуим, поднесе оставка.

-За мене беше чест да и служам на државата и да воведам добри политики за Американците за поддршка на растот, особено прифаќањето на историската даночна реформа. Му благодарам на Претседателот што ми ја даде таа можност и му посакувам нему и на неговата администрација големи успеси во иднина – се вели во кусата изјава на директорот на националниот економски совет.

Кон е поранешен член на раководството на банката Голдман Сакс. Тој беше најголемиот противник за воведување царини од 25 отсто за увоз на челик во САД и на 10 отсто за увоз на алуминиум.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top