| четврток, 6 декември 2018 |

Мирослав Лазански: Американците можат да го реконструираат и гласот на Александар Македонски (видео)

Гостувајќи во програмата на РТС по повод аферата за глобална шпијунажа на Американската агенција за национална безбедност (НСА), која ја разоткри Сноуден, новинарот и воен коментатор Мирослав Лазански рече дека достигнувањата на електронската шпијунажа се толку фантастични што може компјутерски да се синтетизита и гласот на Александар Македонски.
-НСА врши комплетна радио комуникација од британската база на Кипар каде има инсталации и каде што можете компјутерски да го синтетизирате гласот на Александар Македонски, рече Лазански.
На прашањето на новинарката како можеме да знаеме како звучел гласот на Александар Македонски, Лазански одговори: „Постои некаква база на податоци“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top