| четврток, 6 декември 2018 |

Од диџеј до директор на Македонскиот совет за надворешна трговија

Вла­ди­мир Коф­че­гар­ски ја на­пу­штил Ма­ке­до­ни­ја во 1996 го­ди­на, по за­вр­шу­ва­ње­то на сред­но­то учи­ли­ште. Та­му за­вр­шу­ва сту­дии по де­ло­вен ме­наџ­мент, а при­вре­ме­но ра­бо­тел ка­ко ди­џеј во сид­неј­ски­те ди­ско­те­ки.

– Се­кој по­че­ток е те­жок, но јас за­ми­ну­ва­ње­то во Ав­стра­ли­ја го гле­дав ка­ко пре­диз­вик да ус­пе­ам сам, без по­мош од ро­ди­те­ли­те и од при­ја­те­ли­те. Впро­чем, тоа бе­ше и цел­та на мо­е­то за­ми­ну­ва­ње. Имав по­тре­ба од но­ви хо­ри­зон­ти, но и по­тре­ба да си до­ка­жам де­ка ка­ко Ма­ке­до­нец мо­же да се ус­пее ка­де би­ло во све­тов. Ко­га имаш 18 го­ди­ни сѐ е лес­но, не раз­мис­лу­ваш за те­шко­ти­и­те, ед­но­став­но си сре­ќен што имаш мож­ност да соз­да­ваш во но­ва зем­ја и да се со­о­чиш со неј­зи­ни­те пре­диз­ви­ци, се при­се­ту­ва Коф­че­гар­ски.

На по­че­то­кот сво­јот про­фе­си­о­на­лен ан­гаж­ман го на­о­ѓа во му­зи­ка­та. Во 1999 го­ди­на ја отво­рил сво­ја­та пр­ва ком­па­ни­ја за про­дук­ци­ја „I event management“ и не­гов прв по­го­лем про­ект е ди­ско­те­ка­та „Ри­чи“, ко­ја ра­бо­те­ла во рам­ки­те на хо­те­лот „Хил­тон“ во Сид­неј.

– Не бе­ше лес­но да се со­о­чам со ло­кал­ни­те ме­на­џе­ри. Има­ше мно­гу преч­ки, проб­ле­ми кре­и­ра­ни од кон­ку­рен­ци­ја­та, не бе­ше лес­но да би­деш нов во биз­ни­сот, осо­бе­но на 21 го­ди­на. Тие мис­леа де­ка на­бр­гу ќе се отка­жам, но мо­ја­та хра­брост и упор­ност ме од­ве­доа на па­тот кон ус­пе­хот. На­бр­гу го про­ши­рив биз­ни­сот низ це­ла Ав­стра­ли­ја, со три но­ви ди­ско­те­ки и два ре­сто­ра­на – ни рас­ка­жа Вла­ди­мир.

По из­вес­но вре­ме поч­ну­ва да дејс­тву­ва во бан­кар­ски­от се­ктор. Де­сет го­ди­ни бил кон­сул­тант за кре­дит­ни ри­зи­ци и ин­ве­сти­ции во по­ве­ќе го­ле­ми бан­ки во Ав­стра­ли­ја: Сент Џорџ банк (St. George bank), Ме­ква­ри банк (Macquarie bank) и Си­ти банк (Citi bank), но во сво­е­то де­лов­но пор­тфо­лио ги за­пи­шу­ва и функ­ци­и­те ме­на­џер во го­ле­ми свет­ски мар­ки, ка­ко: „Фу­џи“, „Ксе­рокс“, „Епл“, „Хон­да“ и „Дел“, ка­де што ра­ко­во­дел бу­џет од 250 ми­ли­о­ни до­ла­ри.

– Во 2011 го­ди­на сфа­тив де­ка цел­та по­ра­ди ко­ја дој­дов во Ав­стра­ли­ја е ос­тва­ре­на и де­ка имам по­тре­ба од по­го­ле­ми пре­диз­ви­ци. Би­деј­ќи Ма­ке­до­ни­ја е не­и­зо­ста­вен дел од ме­не, ре­шив да го фор­ми­рам Ма­ке­дон­ски­от со­вет за над­во­реш­на тр­го­ви­ја во Ази­ја, Па­ци­фик. Цел­та на овој со­вет е про­мо­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја во ази­ски­от ре­ги­он. Ова здру­же­ние е фо­ку­си­ра­но на прив­ле­ку­ва­ње ин­ве­сти­ции, пре­зен­та­ци­ја на ма­ке­дон­ски­те ту­ри­стич­ки по­тен­ци­ја­ли и на кре­и­ра­ње но­ви из­воз­ни па­за­ри за ма­ке­дон­ски­те про­из­во­ди­те­ли. Во со­ве­тот јас сум единс­тве­ни­от Ма­ке­до­нец, дру­ги­те парт­не­ри до­а­ѓа­ат од зем­ји­те во кои про­мо­ви­ра­ме. Сме­там де­ка на овој на­чин, со по­мош на ло­кал­ни­те биз­нис­ме­ни и ди­стри­бу­те­ри во овие зем­ји ќе би­де­ме по­про­ду­ктив­ни – ве­ли тој.

Оваа стра­те­ги­ја се по­ка­жа­ла ка­ко до­бар по­тег, та­ка што ве­ќе соз­да­ле пла­тфор­ма од три­е­сет­ти­на ком­па­нии кои ди­рект­но ќе мо­жат да и по­мог­нат на Ма­ке­до­ни­ја, а го­ди­на­ва ќе ги отво­рат и пр­ви­те кан­це­ла­рии во Ма­ни­ла, Бан­кок и Џа­кар­та, а ве­ќе след­на­та во Ви­ет­нам и Тај­ван.

– Ги од­брав­ме овие зем­ји би­деј­ќи Ма­ке­до­ни­ја не­ма прет­став­ни­ци во тој ре­ги­он. Ап­со­лут­но не­ма­ме на­ме­ра да би­де­ме кон­ку­рен­ци­ја на Вла­да­та, на­про­тив, са­кам да ра­бо­ти­ме за­ед­но за по­го­ле­ма и по­е­фи­кас­на афир­ма­ци­ја на на­ша­та зем­ја. По­вре­ме­но ги ин­фор­ми­ра­ме со­од­вет­ни­те ми­ни­стерс­тва и аген­ции за на­ши­те актив­но­сти, ка­ко и са­ми­те еко­ном­ски про­мо­то­ри во Ази­ја, со кои на­ско­ро ќе се срет­не­ме во Ма­ле­зи­ја – ве­ли Вла­ди­мир.

Све­сен за на­по­ри­те на ма­ке­дон­ска­та Вла­да во од­нос на прив­ле­ку­ва­ње­то на ин­ве­сти­ции, но и за кри­ти­ки­те упа­те­ни во на­со­ка де­ка се тро­шат прем­но­гу па­ри, а ин­ве­сти­ци­и­те се во гра­ни­ца­та на нор­ма­ла­та, Вла­ди­мир ве­ли:

– Ко­га ќе ви­ди­те кол­ку на­пор­но се ра­бо­ти за про­мо­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја низ це­ли­от свет, ед­но­став­но има­те мо­тив да по­мог­не­те. Ја сле­дам нив­на­та ра­бо­та се­којд­нев­но со цел да не се сов­пад­не­ме. Во мо­мен­тов Ма­ке­до­ни­ја има 23 про­мо­то­ри во све­тот. Искре­но мис­лам де­ка тре­ба да се до­да­де уште ед­на ну­ла на мо­мент­ни­от број про­мо­то­ри, за да мо­же­ме да го по­кри­е­ме па­за­рот. Мо­ра­ме да би­де­ме по­а­гре­сив­ни, Ма­ке­до­ни­ја има од­лич­ни биз­нис­ме­ни и ин­ди­ви­ду­ал­ни, има­ме од­лич­на по­зи­ци­о­ни­ра­но во Евро­па, има­ме од­лич­ни ком­па­нии, кои знам де­ка мо­жат да им па­ри­ра­ат на нај­го­ле­ми­те ги­ган­ти на гло­бал­но ни­во. А, на кри­ти­ча­ри­те би им по­ра­чал са­мо ед­наш да го прос­ле­дат на­ши­от ра­бо­тен ден, да ви­дат со ка­кви пре­диз­ви­ци се но­си­ме, не са­мо ние, и вла­ди­ни­те про­мо­то­ри. Еве еден при­мер: Фи­ли­пин­ски­от еко­ном­ски ата­ше во Ав­стра­ли­ја на со­ста­но­кот во не­го­ва­та кан­це­ла­ри­ја не мо­же­ше да ја нај­де Ма­ке­до­ни­ја на кар­та. Па, за­мис­ле­те са­мо кол­ку на­пор тре­ба да об­јас­ни­ме ко­ја е и ка­де е Ма­ке­до­ни­ја, пред сѐ, а по­тоа сле­ду­ва убе­ду­ва­ње де­ка на­ши­те про­из­во­ди се нај­до­бри, а по­крај зем­ји ка­ко САД, Гер­ма­ни­ја, Фран­ци­ја, Шпа­ни­ја, Тур­ци­ја, тоа е ѓа­вол­ски те­шка ра­бо­та – ве­ли Коф­че­гар­ски.

– Мо­же да по­тро­ши­те 12-18 ме­се­ци во кон­та­кти и сер­ви­си­ра­ње на по­тен­ци­јал­ни­от кли­ент и на кра­јот да не­ма ни­ка­ков ре­зул­тат. Не по ва­ша ви­на, ед­но­став­но ком­па­ни­ја­та ја ме­ну­ва гло­бал­на­та по­ли­ти­ка и ре­ша­ва да не ин­ве­сти­ра. Ов­де би го по­со­чил при­ме­рот со ед­на гло­бал­на ком­па­ни­ја, ко­ја е слич­на со ОХИС. По­тро­шив­ме ед­на го­ди­на во сред­би и со­ста­но­ци. ОХИС за нив бе­ше иде­ал­на мож­ност би­деј­ќи ра­бот­на­та си­ла има искус­тво, зна­чи не­ма да гу­бат вре­ме и средс­тва за вра­бо­ту­ва­ње со­од­вет­ни ка­дри или нив­на обу­ка, а за ин­ве­сти­то­рот тоа зна­чи ед­на го­ди­на по­мал­ку вре­ме за гу­бе­ње. Им по­ну­див­ме да ги пре­зе­мат ра­бот­ни­ци­те и да отво­рат но­ва фа­бри­ка во раз­вој­ни­те зо­ни или да оста­нат во по­стој­на­та фа­бри­ка со но­ви ма­ши­ни. Си­ту­а­ци­ја по­вол­на за си­те, но, за жал, во ме­ѓу­вре­ме бор­дот на ди­ре­кто­ри ре­ши да се ре­по­зи­ци­о­ни­ра во Ази­ја – рас­ка­жу­ва Коф­че­гар­ски.

Тој не­о­дам­на ка­ко прет­став­ник на овој со­вет при­сус­тву­ва­ше на Са­ем за хра­на во Ма­ни­ла со цел да вос­по­ста­ви тр­гов­ски вр­ски со парт­не­ри на Фи­ли­пи­ни­те.

tajlandski_biznismeni

– Во мо­јот реч­ник не по­сто­јат збо­ро­ви­те „не­воз­мож­но“ или „не мо­же“. Ве­ру­вам во Ма­ке­до­ни­ја и во ма­ке­дон­ски­те про­из­во­ди и, де­фи­ни­тив­но, мо­же­ме да има­ме ус­пех на Фи­ли­пи­ни­те. Ед­на го­ди­на ги ана­ли­зи­рав­ме нив­ни­те па­за­ри. Има­ме ква­ли­тет­ни про­из­во­ди, кои се но­ви­тет во Ази­ја и мо­же­ме да ги пла­си­ра­ме, а во­ед­но са­ми­те ќе ја ди­кти­ра­ме це­на­та, а тоа е мно­гу важ­но – сме­та Коф­че­гар­ски.

Тој сме­та де­ка се­кој Ма­ке­до­нец, кој е над­вор од зем­ја­ва, мо­же и мо­ра да по­мог­не на ка­ков би­ло на­чин.

-Тоа е на­ша об­вр­ска. Ние сме долж­ни­ци на Ма­ке­до­ни­ја, ту­ка сме рас­те­ле, ту­ка сме ги по­ми­на­ле нај­у­ба­ви­те го­ди­ни од жи­во­тот, ту­ка се на­ши­те се­мејс­тва и при­ја­те­ли. Во мо­мен­тов сме над­вор, но тоа не зна­чи де­ка тре­ба да би­де­ме па­сив­ни и да ужи­ва­ме во бла­го­да­ти­те на тие др­жа­ви. Тре­ба да цр­пи­ме искус­тво од нив, да ги од­ме­ру­ва­ме си­ли­те со нај­до­бри­те во све­тот и се­то тоа да би­де ка­пи­тал за Ма­ке­до­ни­ја. Јас сто­јам зад изре­ка­та де­ка не­ма по­до­бри „вој­ни­ци“ за ма­ке­дон­ска­та еко­но­ми­ја од нас. Ма­ке­до­ни­ја е ма­ла зем­ја на ко­ја ѝ тре­ба по­мош од ди­јас­по­ра­та и за­тоа ре­шив да го ос­но­вам и фи­нан­си­рам це­ли­ов овој про­ект.

Во ди­јас­по­ра­та функ­ци­о­ни­ра­ат и дру­ги ор­га­ни­за­ции ка­ко УМД и Ма­ке­до­ни­ја 2025 и за оче­ку­ва­ње е не­ка­ко за­ед­нич­ки да се фо­ку­си­ра­ат на про­мо­ци­ја­та.

– Овие две ор­га­ни­за­ции се од­ли­чен при­мер ка­ко тре­ба да ѝ се по­мог­не на Ма­ке­до­ни­ја. До­се­га не­мав­ме кон­такт би­деј­ќи дејс­тву­вав­ме во раз­лич­ни ре­ги­о­ни, со раз­лич­ни аген­ди, иа­ко мо­рам да наг­ла­сам де­ка еден од чле­но­ви­те на Ма­ке­до­ни­ја 2025, Јо­ван Це­нев, кој ра­бо­ти во Хон­гконг ве­ќе кон­та­кти­ра­ше со нас и ја по­ну­ди сво­ја­та под­др­шка во овој ре­ги­он, што, од дру­га стра­на, е уште еден до­каз де­ка ка­де и да сме, Ма­ке­дон­ци­те са­ка­ат и мо­ра­ат да би­дат спло­те­ни, без раз­ли­ка во ко­ја ор­га­ни­за­ци­ја чле­ну­ва­ат.

Жи­во­тот во Ав­стра­ли­ја е ди­на­ми­чен. Та­му жи­ве­ат 165 на­ции од це­ли­от свет, кои Ав­стра­ли­ја ја на­ре­ку­ва­ат свој втор дом. Ди­на­ми­ка­та на жи­во­тот и на ра­бо­та­та се со­се­ма по­и­на­кви.

– Ов­де не­ма ет­нич­ка омра­за, на­про­тив, има љу­бо­пит­ност, кул­тур­на оа­за за си­те на­ро­ди од це­ли­от свет, кои се­којд­нев­но са­ка­ат да на­у­чат по­ве­ќе еден за друг. Еден ра­бо­тен ден ов­де ви по­ми­ну­ва ка­ко еден час. Сѐ е ор­га­ни­зи­ра­но, до ми­ну­та пре­циз­но се знае кој што тре­ба да ра­бо­ти и со ко­го да се ви­ди. И при­род­ни­те уба­ви­ни ги има во изо­билс­тво. Ав­стра­ли­ја е пре­у­ба­ва. На не­полн час има­те пре­крас­ни ме­ста за од­мор или ре­кре­а­ци­ја. Јас мо­и­те ба­те­рии ги пол­нам со при­ја­те­ли­те по­крај пла­жи­те на Сид­неј. До­кол­ку ми доз­во­лу­ва вре­ме­то па­ту­вам и над­вор од Сид­неј, но, се­пак, Сид­неј е тол­ку ма­ги­чен и про­стран што не­ма­те по­тре­ба да оди­те не­ка­де.

Пишува: Невена Поповска

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top