| четврток, 6 декември 2018 |

Останав сама со возачот на автобусот, кој гледаше во ретровизорот и не сакаше да тргне: Еве што се случи…

Пoвеќето жени се плашат да патуват навечер, особено ако се сами и во автобусот или нема премногу луѓе. Често се случува жените и девојките да бидат нападнати и оттаму стравот.

Шна Камал (19) се враќала сама од работа со ноќниот автобус. Нејзината куќа била на последната станица, а на предпоследната сите патници се симнале од автобусот, освен таа. Кога сфатила дека е сама само со возачот во автобусот, почуствувала страв кој станал поголем кога приметила дека автобусот стои, а возачот ја набљудува од ретровизорот.

Меѓутоа, тоа што возачот го направил, ја оставил без текст. Имено, Шна го прашала возачот зашто не трга, а тој и кажал дека сака да се увери дека нема да и се случи ништо лошо на жената која штотуку се симнала од автобусот. Девојката била воодушевана, а тоа го споделила и на социјалната мрежа Фејсбук.

Во стаусот напишала: „Мислам дека само што го запознав најдобриот возач на автобус во светот! Кога од автобусот се симнаа група млади момчиња и една жена, останав сама со него. Стоевме во место, а јас го прашав зошто не трга. Ми кажа дека сака да се увери дека ништо нема да и се случи на жената која што се симна од автобусот. И всушност тоа го направи. Ја почека да влезе во куќата, а групата со момчиња отиде на спротивна страна. Потоа застана во близина на мојата куќа, зашто беше мрак. Нема подобра личност од него. Фала на возачот на линијата 753 на грижливоста.“

 

извор: галама.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top