| четврток, 6 декември 2018 |

Кемал во детството личел на Маријан Стојановски (ФОТО)

Славниот турски актер и манекен, заводник Бурак Озчивит, кого го гледаме во улогата на Кемал во серијата „Карасевда“, не бил од секогаш толку убав. Со годините зреела и неговата убавина, но во тинејџерските денови 34-годишниот Бурак личел на нашиот Маријан Стојановски, изразито црн, со чатма-веѓи.

Бурак Озчивит е роден на 24 декември 1984 година во Истанбул во скромно семејство. Завршил Филмска академија на Универзитетот „Мармара“ во Истанбул. Од 2003 до 2007 година работел како манекен. Проесионалниот пат му е послан со рози, па така уште првата година ја добил наградата „Најубав модел на Турција“, а во 2005 година го зазел второто место на конкурсот за „Најубав модел во светот“.

Од 2006 година е филмски и телевизиски актер. Светска слава стекнал со улогите во „Величествениот“ и „Чучулига“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top