Интерпол денеска соопшти дека полицијата запленила речиси 10 милиони парчиња лажни лекови во вредност од 31 милион евра во операција извршена во 99 земји, а траела една недела.
– Количеството на запленетиот материјал е поголемо од 100 отсто од конфискуваниот во претходната операција извршена лани, изјави претставничката на Интерпол, Алин Планкан од одделот за спречување измами во областа на фармацевтските производи.
За време на операцијата, која почна на 18 јуни, затворени се повеќе од 9.000 интернет сајтови кои продавале фалсификувани лекови, а уапсени се 58 луѓе.
Според податоците на Светската здравствена организација, повеќе од 59 отсто од лековите купени преку интернет биле лажни.
Меѓу запленетата стока имало лекови кои содржат активни супстанци одобрени за употреба само под строг надзор на лекар или активни супстанци кои се повлечени од листата на одобрени супстанци поради тоа што се штетни по здравје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.