| четврток, 6 декември 2018 |

Трамвајот во Скопје наречен желба

Пропадна уште еден обид на градските власти да најдат партнер за скопскиот трамвај, јави „Алфа“.По долго разгледување,надлежната комисија во Градот Скопје одлучила да го поништи распишаниот тендер на почетокот на годинава, бидејќи единствените пријавени, норвешката групација ПЈ Скрудал и Метнит, не ги исполниле условите.

– Правиме сега консултации во меѓувреме со многу други компании кои што учествуваа и други што не учествуваа, така да очекувам ако не во август тогаш во септември или еве оваа година повторно да го објавиме тендерот за Јавно приватно партнерство за трамвајот, изјави меѓу другото Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top