| четврток, 6 декември 2018 |

Адвокатот на Верушевски стана нов член на Советот на јавни обвинители

Адвокатот Ангеле Илиевски, кој го застапуваше првообвинетиот во случајот „Пуч“, Зоран Верушевски, стана нов член на Советот на јавни обвинители. Вториот член на Советот е адвокатот и поранешен член на Судскиот совет, Ангел Солев. Нив денеска ги избра Собранието. Според Законот за Советот на јавни обвинители, тројца членови ги избира Собранието на Република Македонија од редот на универзитетски професори по право, адвокати и други истакнати правници, од кои двајца се припадници на заедниците што не се мнозинство во Република Македонија.

Советот за член го избра Ацо Колевски, кого јавноста го памети за спорното барањето за заштита на законитоста, преку кое на бизнисменот Сеад Кочан му беше укинат притворот. Врховниот суд спротивно на законот прифати да расправа за вонредниот правен лек на Јавното обвнителство, иако беше ненадлежно, доставено токму од јавниот обвинител Ацо Колевски и одлучуваше за притворот на Кочан. Доколку овие 2 предлога поминат, Советот на јавни обвинители целосно ќе го комплетира составот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top