| четврток, 6 декември 2018 |

Стравуваат за животот: Два месеца пред венчавката, кралскиот пар исплашен ангажираше и полиција

Принцот Хари и неговата свршеница Меган Маркл ќе се венчаат на официјална церемонија на 19 мај. Како што тој ден се приближува, се повеќе информации за самиот настан излегуваат во јавноста.

Така се дознало дека младенците ќе имаат големи мерки на обезбедување на самата свеченост, бидејќи се плашат за својата сигурност. Главната причина за таа одлука е антракс отров, кој минатиот месец веќе беше примен во дворот. Иако се уште не е откриено кој го направил тоа, било доволно да Меган и Хари, но и останатото семејство се загрижат и превземат мерки за заштита.

Во кочијата во која ќе бидат, но и остатокот од денот, цело време ќе бидат под наздозр на вооружено обезбедување. Решиле веќе сега да ангажираат полиција, која ќе ги следи на венчавката.

Државната секретарка Амбер Руд објави дека поради венчавката, кафулињата ширум Англија и Велс ќе работат до еден часот по полноќ, како граѓаните би можеле да прослават како што треба. Инаку пабовите работат до 23 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top