| четврток, 6 декември 2018 |

Ни успорената снимка не ја улови топката: Проектилот на Борозан во Топ 5 головите на колото (видео)

Ракометарите на Вардар за прв пат оваа сезона не успеаја да оставрат победа на домашен терен во „Јане Сандански“, а синоќа ги запре составот на Висла Плоцк кој извлече реми (31-31) во последниот меч од групната фаза во Лигата на шампионите.

Дуелот беше неизвесен, но мора да се напомене дека „црвено-црните“ во последните мигови можеа да дојдат до триумф, но зицер не реализираше капитенот Стојанче Стоилов.

Сепак, еден гол го одбележа натпреварот меѓу овие два ривали, а тоа беше мајсторијата на Вуко Борозан која според ЕХФ ТВ се најде на четвртото место во Топ 5 головите на колото. Најдобриот стрелец на Вардар во Лигата на шампионите упати проектил кон голот на Висла Плоцк кој тешко можеше да се одбрани. Како што вели и коментаторот на снимката, ниту успорената снимка не успеја да ја улови топката, а мајсторијата на Борозан можете да ја погледнете тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top