| четврток, 6 декември 2018 |

Легендарните „ТОТО“ вечерва во Скопје

Еден од најголемите американски бендови на сите времиња- ТОТО, за прв пат доаѓа во Скопје, со концерт во рамките на јубилејната турнеја по повод 40 години од нивното постоење, на 5-ти март 2018та година, во ВИП арената „Борис Трајковски“.
Познати по своите врвни свирачки достигнувања, ТОТО е бенд кој светската музичка јавност го третира како еден од најдобрите во музичката индустрија, а членовите ги карактеризира како „Кралеви на живата свирка“.
Во 2018-та тргнуваат на голема светска турнеја која опфаќа 40 земји, насловена “40 Trips Around The Sun”, со која одбележуваат 4 децениска работа, а и со нов студиски албум кој треба да излезе во февруари идната година.
– Јас, David, Steve и Joseph сме задоволни и истовремено возбудени за долгогодишниот успех на бендот. Оваа јубилејна турнеја, по повод 40 години од постоењето на ТОТО ќе биде многу специјална турнеја за секој од нас и за сите наши фанови низ светот- вели гитаристот Steve Lukather.
За родоначалниците на стадионскиот рок ова ќе биде 23 турнеја и 14-ти по ред студиски албум, после низа мултиплатинести плочи продадени во преку 35 милиони примероци.
Хитовите како што се „Rosanna“, „Africa“, „Hold The Line“ и уште многу други им донесоа многу музички признанија и пет Греми награди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top