Филмот „Обликот на водата“, во режија на мексиканскиот режисер Гиљермо дел Торо е награден со Оскар за најдобар филм, на церемонијата што ноќеска се одржа во Долби театарот во Лос Анџелес. Дел Торо го доби признанието и за најдобар режисер. „Обликот на водата“ беше номиниран во 13 категории, а доби награди само во четири.
– За овој момент мечтаев како момче во Мексико. Оскарот го посветувам на сите млади режисери во целиот свет кои имаат намера да снимаат филмови, онакви какви што сакаат – изјави мексиканскиот режисер и додаде дека како многу други, е емигрант во Америка.
Тој нагласи дека САД е негов дом во „секоја смисла на зборот“.
Оскар за најдобра машка улога доби Гери Олдман за улогата во филмот „Најмрачниот час“, во кој маестрално го оживеа Винстон Черчил.
– Би сакал да се збалагодарам на мојата мајка која има 99 години и која е постара од Оскарот. Мамо, стави вода за чај, доаѓам, ќе донесам Оскар – изјави Олдман и му се заблагодари на Винстон Черчил, кој му „правел друштво“ додека ја креирал улогата.
Френсис Мекдорманд доби Оскар за главна женска улога во филмот „Три билборди пред Ебинг, Мисури“. Таа ги повика сите жени во салата да станат…- Не има многу во филмската индустрија во Америка. Важно е да разговараме меѓусебно, бидејќи имаме сешто да пружиме на таа индустрија, истакна Мекдорманд.
Оскар за филм вон англиско говорно подрачје доби Чиле, во остварувањето на Себастијан Лејл, „Фантастична жена“. Во тој филм главната улога ја игра трансродна личност.
Едно од најголемиоте изненадувања на доделувањето на Оскарите се случи во категоријата документарен филм. Оскар доби „Икарус“ во кој се зборува за наводното допингување спортисти во Русија. Кошаркарската ѕвезда Коби Брајант беше награден за краткиот анимиран филм „Dear basketball“.
Најдобар филм:
Обликот на водата
Најдобар режисер:
Гиљермо дел Торо, Обликот на водата
Најдобра глумица:
Френсис Мекдорманд, Три билборди пред Ебинг во Мисури
Најдобар глумец:
Гери Олдман, Најмрачниот час
Најдобро оригинално сценарио:
Бегај оттука
Најдобро адаптирано сценарио:
Повикај ме со твоето име
Најдобра глумица во споредна улога:
Алисон Џени, Јас, Тоња
Најдобар глумец во споредна улога:
Сем Роквел, Три билборди пред Ебинг во Мисури
Најдобра монтажа:
Данкирк
Најдобар странски филм:
Фантастична жена
Најдобар анимиран филм:
Коко
Најдобар документарец:
Икар
Најдобар дизајн на продукција:
Обликот на водата
Најдобра фотографија:
Роџер Дикинс, Блејд ранер 2049
Најдобар костум:
Фантомска нишка
Најдобра монтажа на звук:
Данкирк
Најдобар микс на звук:
Данкирк
Најдобар краток анимиран филм:
Драга кошарко
Најдобар краток филм:
Тивкото дете
Најдобра оригинална музика:
Обликот на водата
Најдобри визуелни ефекти:
Блејд ранер 2049
Најдобра шминка и фризура:
Најмрачниот час
Најдобар краток документарен филм:
Рајот е сообраќаен метеж на 405
Најдобра песна:
„Remember Me“, Коко
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.