-Најрелевантен за тоа да даде оценката кој колку исполнил во однос на евроинтеграциите е Европската Комисија. Доколку Македонија затаила, македонските институции затаиле, ЕК нема да дадеше повторна препорака за членство. Препоралката значи дека од 2009 државата има институционален капацитет за преговори за членство. Затоа сметав дека изјавата на вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими е во најмала рака некоректна, вели во видео- интервју за Република поранешниот шеф на дипломатијата Антонио Милошоски.
-Доколку Бесими има сознанија за отфрлање на реформскиот, евроинтегративниот процес од некоја институција, тој е надлежен тоа да го детектира, оцени, посочи, негова надлежност е да го координира процесот кон евроинтегративните реформи меѓу институциите во земјава, додава Милошоски.
Целото интервју погледнете го на Република ТВ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.