Влада Вукоичиќ денеска ја имаше својата официјална презентација како кормилар на МЗТ Скопје, а порача дека без премногу размислување прифатил да биде дел од проектот, што многу му се допаѓа бидејќи е долгорочен.
– Задоволство ми е што дојдов да работам во Скопје како тренер на МЗТ, бидејќи последен пат кога бев овде бев на клупата на гостинската екипа. И самите го знаете развојот на настаните, се отвори место за тренер на МЗТ, па по разговорите што се одвиваа пред извесно време на обострано задоволство завршија успешно. Ова е нов предизвик, нов чекор напред во кариерата, мило ми е што моите амбиции се идентични со амбициите на клубот и на навивачите. Една од главните причини зошто ми се допадна овој проект е бидејќи препознав дека ова не е клуб што треба да трае само една сезона, ова се луѓе кои размислуваат долгорочно. Впрочем затоа и е почнато со изградба на новата сала – рече Вукоичиќ.
Паралелно со промоцијата на новиот шеф на стручниот штаб, беше објавено дека е постигнат договор за продолжување на соработката и со Никола Оташевиќ откако претходно истото беше сторено и со Тодор Гечевски, Ѓорѓи Чековски, Дамјан Стојановски и со Американецот Кејд Дејвис.
Присутен на прес-конференцијата беше и градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски, најзаслужниот за реализацијата на проектот МЗТ Скопје.
„Сѐ уште сме во фаза на обезбедувања финансиски средства и затоа не брзаме со засилувањата. До крајот на август ќе знаеме точно каков буџет ќе имаме на располагање и дотогаш ќе ги комплетираме сите засилувања – истакна Коневски.
МЗТ Скопје во следната сезона ќе игра на повеќе фронтови откако клубот доби и вајлд-карта за настап во Еврокупот. Покрај европската премиера, МЗТ ќе игра и во Јадранската лига и на домашната сцена, каде што ќе атакува на третата титула во низа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МЗТ симнат од тронот, Работнички е нов шампион на Македонија!
-
Мекејлеб ја напушта Сарагоса: Причина е смртта на неговата мајка
-
Еуфорично славје во „Јасмин“: Кошаркарите на МЗТ ја прескокнаа оградата и славеа на трибина со навивачите (фото)
-
Фијаско на македонските кошаркарки во Италија, загубија со 60 коша разлика


