Фолк дивата одржала голем концерт во белградската општина Лазаревац, а голем број на луѓе дошле да уживаат во хитовите на Цеца, иако температурите биле под нулата.
Цеца Ражњатовиќ вчера се дружеше со околу 10.000 обожаватели, а концертот почнал во 20 часот.
Неа не и сметало што веело снег
– Драги мои, фала што сте во волкав број дошле да се дружиме. Многу се радувам што вечерва заедно ќе се веселиме и играме. Ова е доказ дека временските прилики и минус температурите не ни можат ништо, порачала Цеца, која вечерта ја отворила со песната „ Воздух кој дишем”.
Излегла на почетокот на сцената и им порачала на публиката.
– Бидејќи сте вие на снегот ќе бидам и јас со вас. Вечерва нема привилегирани освен музичарите кои поради техниката мора да бидат под покриен дел Ви благодарам на оваа љубов која секогаш одново ме крева, изјавила Цеца., па пеела со насмевка на лицето за сите оние кои дошле на плоштадот во Лазаревац.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.