| четврток, 6 декември 2018 |

Српска наркобанда препродавала дрога во „киндер-јајца“

Српската полиција уапси осумчлена наркогрупа која подолго време продавала хероин по белградските улици спакувана во „киндер-јајце“, пишуваат српските медиуми.

Осомничените биле уапсени во шума на Кошутњак, при што се запленети 70 пакетчиња со по половина грам дрога. Во претрес на стан се пронајдени и три пакета со по 500 грама хероин скриени во постава на женска торба.

Истрагата утврдила дека дрогата ја мешале со парацетамол а смесата ја пакувале во „киндер- јајца“ и ја оставале на однапред договорени места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top