Иако календарски се очекува кон крајот на месецот, метеоролошки, пролетта ќе ја имаме уште кон средината на идната недела.
По врнежливиот крај на оваа работна недела, слично време не чека и во текот на викендот. За разлика од вчерашниот ден, температури во минус веќе нема да има. Во сабота минимални 2 степени наутро и околу 12 степени во текот на денот. Идентично време се најавува од недела.
Дождот ќе се задржи и на почетокот на идната работна недела но само во понеделник, кога минималната температура нема да се спушти под 6 степени.
Разведрување доаѓа од вторник заедно со раст на температурите кои во некои делови од Македонија ќе надминат и 15 степени.
Во среда не чека вистинска пролет. Времето ќе биде облачно со услови за слаб дожд но и сончеви периоди, а максималните температури во некои делови од Македонија ќе надминат и 20 степени. Слично ќе биде времето до крајот на наредната недела се до крајот на викендот кога пак се најавуваат услови за дожд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.