Tетовската полиција вчера попладне заплени 16 апарати за покер и компјутер за игри на среќа во три објекти во Пирок и во Камењане во Тетово.
Пронајдените апарати и компјутерот од страна на полицијата се фотодокументирани и привремено одземени. Се работи за девет апарати за покер и компјутер со печатач, кои биле пронајдени во објект без фирма во Пирок, каде што како сопственици се наведени повеќе лица, додека останатите седум апарати биле откриени во објект во Камењане сопственост на лице од Гостивар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



