| четврток, 6 декември 2018 |

Колкава само љубов била: Ова е пораката која Марко Мишковиќ и ја испрати на Емина по разводот

Емина Јаховиќ и Марко Мишковиќ своевремено биле во голема љубов. Меѓутоа, во еден момент се разделиле и секој тргнал по својот пат.

Марко денеска е во брак со пејачката Јована Николиќ Мишковиќ, а Емина се омажила за Мустафа Сандал. Секој се држел до својот живот, се до неодамна кога Емина објави дека ќе се разведува.

Како што пишуваат српските медиуми, токму разводот бил причината, Марко да и прати порака на Емина.

-Тато ми ја бранеше љубовта со тебе, но ние сме судени еден на друг – гласи СМС пораката која Марко и ја испратил на Емина пред неколку дена.

Тие биле во голема љубов, но таткото на Марко, бизнисменот Миодраг Мишковиќ, не може да се помири со фактот дека таа е од друга вера. Токму поради тоа направил се да го раздели синот од Емина. Иако Марко со сите сили се обидувал да ја сочува врската, тоа не му успеало.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top