| четврток, 6 декември 2018 |

Избегната трагедија во Скопје

Само брзата интервенција на пожарникарите спречи попладенево трагедија во скопската населба Ченто откако во семејна куќа се запали оџак.

Иако оџакот бил чистен од овластени лица на почетокот на зимската сезона сепак денеска околу 16 часот по силната експлозија во оџакот, огнот започнал да се шири на вториот кат од куќата.

За среќа по брзата и ефикасна реакција на скопската противпожарна екипа пожарот бил локализиран при што била елиминирана опасноста тој да ја уништи целата куќа и да се прошири на соседните објекти.

Најверојатно експлозијата на оџакот е предизвикана од запалување на смолите и други отпадоци кои настануваат со согорувањето на дрвата при што се залепуваат на внатрешните ѕидови на оџакот. Се работи за чест случај особено кога оџаците не се редовно или соодветно прочистени на почетокот на грејната сезона.

Во непосредба близина на куќата која денеска пожарникарите ја спасија од целосно уништување, лани, на еден ден пред нова година се запалија 7 куќи од кои 4 беа целосно изгорени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top