| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва концерт под отворено небо за спас на радиото „Џез ФМ“

Под мотото „Спасете го Џез ФМ“, вечерва во МКЦ, под отворено небо, со почеток во 19 часот, ќе се одржи голем добротворен концерт. За омиленото радио, кое зрачи на фрекфенцијата 100.8 и кое годинава полни 15 години, со свој настап ќе контрибуираат Тони Китановски со своите пријатели Анета Качуркова, Оскар Салас, Александар Секуловски и Амалија Бараона, Летечки Пекинезери, The Swingers, како и Kabadayas. Оригиналноста на „Џез ФМ“ на овој концерт ќе биде потврдена и со начинот на отворањето на концертот, со перформанс за кој кореографија направи Леонина Корнети-Пекевска, а ќе настапи Срна Коцевска.

Изненадувањето на фановите не беше мало кога ја добија поканата да го пријават своето присуство на настанот, што го креираше Ванеса Кинг, програмски креатор и диџеј на радиото. Особено што, со овој настан се најави кампањата „Спасете го Џез ФМ“. Радиото, единствено од овој вид на македонските простори, синоним за фреквенција која на своите слушатели им дава совршена креација на џез-звук, 24 часа дневно, се соочува со згаснување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top