Карлос Тевез потпиша за Јувентус и ќе игра за шампионот на Италија, но претходно мора да си ја одработи докрај казната во Англија. Аргентинскиот репрезентативец возеше пребрзо по улиците на Манчестер и доби казна од 250 часа социјална работа. Досега одработи дел, беше и градинар и им помагаше на градските служби во Манчестер во собирање на сметот во градот, а ќе треба да доработи уште некој час.
Се најавува дека Тевез веќе утре се враќа во Англија, и тоа во Мејксфилд, предградие на Манчестер, за да си ја „одлежи“ казната докрај. Во Јувенрус веруваат дека новото засилување ќе стигне навреме за почетокот на подготовките на „старата дама“ кои се закажани за 12 јули. Новиот играч веќе си ја одбра „десетката“ во чест на Алесандро дел Пјеро, кој е икона на „црно-белите“ од Торино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Силен ветар однесе пет жртви во Италија
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја



