Наталија Кирквуд од Велика Британија забележала дека од сукњата на нејзината 7 – годишна ќерка доаѓа непријатна миризба. Најпрво таа помислила дека малото девојче ставило нешто во џебот, но кога се уверила дека тоа не е случајот, добро го прегледала парчето облека, за на него да забележени еден помал набор.
Кога Натајилја ја распарала сукњата за да види што се крие наборот, не ни помислила дека може наиде на таков ужас бидејќи во наборот имало мало мртво глувче.
– Се чувствував ужасно кога го најдов заради помислата дека толку време бил толку блиску, речиси на кожата на мојата ќерка. Таа сукња и ја облекував повеќе пати. Што ќе се случеше да не го пронајдов на време и да разболеше заради тоа?, раскажала мајката за „The Mirror“.
Таа парчето облека го купила во продавницата Асда во гратчето Дунстејбл, во централна Англија каде што тие живеат.
– Ќерка ми има повеќе сукњи, но меѓу сите и оваа доста ја носеше. Откако најпрво ја почувствував миризбата ја исправ, но не успеав да ја отстранам. Потоа се решив да ја отворам… Со соуругот го сликавме тоа што го најдовме за да може да му го покажеме на производителот, додава Кирквуд.
Од брендот кој е произведувач на сукњата само кратко одговориле дека имаат спроведено истрага за случајот и дека проблематичното парче облека било произведено минатото лето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.