Откако надлежните од комуналната служба минатата недела им ги посипале улиците со стандардната мешавина од сол и песок заради снегот, жителите на словенското гратче Сежане, лоцирано на границата со Италија, почувствувале необичен и силен мирис, а милениците кои биле во дворовите почнале да лаат.
– Фрлија сол на улиците, а се почна да мириса на риба. На улицата пред мојата куќа најдов цели сардини, се пожалил на полицијата еден од жителите на местото.
Мистеријата била расјаснета неколку дена откако миризбата се намалила. Зимската служба признала дека на улиците фрлиле отпадна сол која во нивното складиште пристигнала пред неколку години. Кога пред некое зимо имало недостиг на сол во словенската солана Пирана, локалните власти за секој случај се обезбедиле со отпадна сол од една сушилница за пршута и од уште еден погон за солење сардини.
Тие им се извиниле на граѓаните за пропустот, но секако им се заканува казна од околу 10 000 евра, објавила вчера една од словенските телевизии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.