ПСЖ доцна синоќа објави дека повредата на нивниот најдобар играч, Нејмар е доста полоша од тоа што првично се мислеше, бидејќи покрај истегнувањето на лигаментите, Бразилецот има заработено и фрактура на метатарзалната коска.
Со ова стана јасно дека „светците“ ќе го загубат својот најдобар фудбалер за клучниот меч со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, но по се изгледа бразилската ѕвезда размислува многу подалеку од осминафиналниот реванш со „кралевите“.
Уледниот бразилски весник „Глобоеспорте“, повикувајќи се на извори блиски до фудбалерот, јавува дека Нејмар решил проблемот да го реши со оперативен зафат поради кој паузата ќе биде уште поголема од првично предвиденото. Наместо еден, Нејмар ќе паузира два до три месеци, а причината за ваквата одлука се крие во Светското првенство во Русија, на кое Бразилецот сака да влезе максимално залечен и без никаква шанса за обновување на повредата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.