Обилните врнежи од снег, присутни последните деновиве и на територијата на Албанија, ја блокираа областа Голо Брдо, а ништо подобра не е состојбата и во областа Гора, и двете населени места главно со Македонци.
Во овие ридско-планиснки подрачја, дебелината на снежната покривка достигнува, на одделни места и над еден метар.
Со соопштение во кое предупредуваат на проблемите со снегот во областа Голо Брдо, се огласи македонското друштв „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за областа.
– Како резултат на обилните врнежи од снег, сите патишта што го поврзуваат областа Голо Брдо се целосно блокирани. Отсечени се селата Требиште, Клење, Стеблево, Мало Острени Врница, а и патот кон граничниот премин Требиште – Џепиште што го поврзува Голо Брдо со Македонија се непроодни. Жителите апелират до надлежните органи да преземат мерки патиштата да бидат пробиени, стои во соопштението на „Илинден“.
Се посочува дека од посебна важност е патот до преминот, бидејќи, во вакви временски непогоди, жителите од Голо Брдо, кога станува збор за итни случаи на болни, истите ги транспортираат до Општата болница во Дебар, поради близината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.