После концертот во белградска Комбанк Арена пред 20. 000 посетители, момците од Тропико бенд закажаа гостување и во Скопје. Дружењето со македонската публика е закажана на 28 април, со почеток во 21 часот во ВИП Арена “Борис Трајковски”.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од 1 март, а на концертот кој ќе биде незаборавно аудио-визуелно доживување, ќе ги изведат најголеми хитови на бендот како “Све моје зоре”, “Заувек твој”, “Параноја”…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.