| четврток, 6 декември 2018 |

Нов список на лектири за основно образование

Бирото за развој на образованието изготви нов предлог-список на лектири за основното образование (од второ до деветто одделение).

Списокот на лектири се освежува и дополнува за да биде во чекор со интересите на учениците, односно да го поттикне и зголеми интересот за книгата кај младите читатели преку зближување на содржините на лектирите со современите трендови и интереси на ученикот.

Исто така, ревидирањето на списокот на лектири се прави со цел да им даде слобода на наставниците во нивната работа и да се збогати изборот на лектири со кој тие би можеле да работат низ годините.

Овој предлог го доставуваме на јавен увид и дебата со цел стручните лица во Република Македонија да се произнесат за новиот список за лектири.

Наставниците од основните училишта се поканети да се вклучат во јавната дебата и да го искажат своето мислење во однос на списокот за лектири, а предлогот ќе биде доставен за мислење и до универзитетите во Република Македонија, како и до Друштвото на писатели на Македонија.

Списокот е објавен на веб страницата на МОН со покана за коментари и предлози од страна на сите заинтересирани лица. Предлозите можете да ги доставите на lektiri@mon.gov.mk, и во архивата на Министерството за образование и наука (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54). Крајниот рок за доставување предлози е 26 март 2018 година.

Во моментот се подготвени списоците за лектири за наставата која се одвива на македонски, албански и турски наставен јазик, а во тек е изготвување на списокот за лектири на другите јазици на кои се изучува основното образование.

Ревидираните списоци на лектири можете да ги преземете подолу:

– македонски наставен јазик

– албански наставен јазик

 турски наставен јазик

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top