По бројните шпекулации дека младиот талентиран крилен напаѓач на Борусија Дортмунд, Осман Дембеле е мета на Барселона по заминувањето на Нејмар, денес во екот на подготовките за новата сезона, тој не се појавил на тренинг.
– Дембеле не се појави на денешниот тренинг. Пробавме да го контактираме, но не можевме. Никој нема разговарано со него денеска, изјавил тренерот на тимот, Питер Бош.
Според пишувањата на шпанските медиуми, “Каталонците” сакаат да го доведат во своите редови откако остана дупка во составот по заминувањето на Нејмар во ПСЖ. Раководството на Борусија Дортмунд ја постави цената за играчот на 150 милиони евра, а останува многу наскоро да се види дали овој потег е почеток на отпорот кој Дембеле ќе го пружи кон Дортмунд за да ги принуди да му овозможат трансфер во Барса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.