| четврток, 6 декември 2018 |

Пејачката го избриша презимето на сопругот: После 10 години Емина повторно е само Јаховиќ!

 

Емина го врати моминското презиме Јаховиќ и веќе нема да го користи презимето на сопругот Сандал.

Како што пишуваат турските медиуми, пејачката на пријателите им пратила покани за роденденот на синот и се потпишала како Јаховиќ.

Иако во Турција полни 10 години се претставуваше како Сандал, после најавата за развод решила да го избрише  и неговото презиме. Таа ја организирала забавата во детска игротека во Истанбул, а Мустафа не дошол, но на синот му честитал роденден, преку социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top