| четврток, 6 декември 2018 |

Тиаго Силва за повредата на Нејмар: Не сум доктор, но мислам дека нема да игра некое време

Победата од 3-0 која синоќа ја оствари ПСЖ над Марсеј, никој во домашниот табор нема да ја памети по добро, од едноставна причина што на 15-тина минути пред крајот на мечот незгодна повреда заработи најголемата ѕвезда на домаќините.

Нејмар без контакт од противнички фудбалер го свитка зглобот откако незгодно приземји на тревата, а дека не станува за наивен проблем беше јасно со оглед на тоа што Бразилецот на носилки и со солзи во очите го напушти теренот.

– Загубивме многу важен играч за нас, ова е вистинска штета. Играше феноменален натпревар, но мислам дека станува збор за потешка повреда. Зглобот веднаш му отече а тоа не е воопшто добра вест. Не сум доктор, но мислам дека нема да може да игра извесно време, истакнал Тиаго Силва веднаш по крајот на мечот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top