| четврток, 6 декември 2018 |

Се расипа дигиталниот кинопроектор во „Милениум“

kino-Milenium-Pina-3D-1-480x319

Се расипа дигиталниот кинопроектор во скопското кино „Милениум“, кој е единствен од ваков вид во Македонија, па во следните неколку денови нема да има кинопроекции, јави „Плусинфо“.

– Би сакале да ви се извиниме вам, кои несебично и континуирано ја поддржувате работата на кино „Милениум“, а преку вашите медиуми би сакале да ѝ се извиниме и на нашата верна и ценета публика. Жалиме поради настанатата ситуација, напорно работиме за надминување на техничкиот проблем и се надеваме дека во почетокот на идната недела повторно ќе имаме можност да уживаме во магијата на големото платно и да се одушевуваме на најактуелните светски филмски хитови – велат од „Милениум“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top