| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на полскиот филм „Обединети држави на љубовта“ во кино „Милениум“

Во четврток на втори февруари во 13 часот во скопското кино „Милениум“ е закажана премиерата на полскиот филм „Обедиенти држави на љубовта“ во режија на Томаш Василевски, со Јулија Кијовска, Магдалена Циелеска, Дорота Колак и Марка Ниерадкиевич во главните улоги.
usoflove_v5-534x754
Полска, 1990. Ветрови на промена дуваат и во Полска. Прва еуфорична година на слобода, но и неизвесна иднина. Четири, наизглед, среќни жени на различна возраст, одлучуваат дека е време да го променат својот живот, се борат за својата среќа и ги исполнуваат своите желби. Агата е млада мајка, заробена во несреќен брак, која бара засолниште во друга, невозможна врска. Рената, која е постара, е наставничка, фасцинирана од својата соседка Марзена, поранешна локална мисица, чиј сопруг работи во Германија. Марзенината сестра е љубовница на таткото на еден од нејзините ученици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top