| четврток, 6 декември 2018 |

Сноуден остана заглавен на терминалот на аеродромот во Москва

Кртот што ја откри аферата со тајното прислушување граѓани од страна на ЦИА, Едвард Сноуден, не добил азил од Еквадор. Заменик-министерот за надворешни работи на оваа земја синоќа изјави дека не му е издадена привремена патна исправа.

Претходно, основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, изјави дека Сноуден добил од Еквадор потврда за бегалски статус.

Сноуден веќе неколку дена се наоѓа во транзитната зона на аеродромот во Москва „Шеремтјево“ во очекување да најде земја која ќе му обезбеди гаранции дека нема да го испорача на власите во САД.

Американскиот министер за одбрана Чак Хејгел изрази надеж дека Русија ќе го врати Евдард Сноуден во САД бидејќи тој ги прекршил американските закони и ѝ наштетил на националната безбедност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top