| четврток, 6 декември 2018 |

Цеца: Сакам да бидам сакана, јас сум само жена

355217_ceca-foto-goran-srdanov-1_ffНајпопуларната српска пејачка Светлата Цеца Ражнатовиќ пред нејзиниот утрешен концерт на Ушќе во Белград, за кој има продадено повеќе од 100.000 билети, признава дека во публиката нема да биде нејзината љубов.

– Ниту милион да дојдат, меѓу нив нема да биде мојата љубов затоа што во овој момент такво нешто не постои. Би сакала да се вљубам. Јас сум жена, како и секоја друга, ми годи да бидам галена, чувана и сакана – вели Цеца за српски „Блиц“.

Фановите на Цеца очекуваат на концертот утре нов спектакл за кој е најавено дека ќе биде многу поразличен од претходниот, кој го одржа пред седум години. На концертот е најавено присуство на голем број познати личности од Србија, меѓу кои членови на државниот врв на Србија, а како ВИП гостин е најавен и поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, кој треба да присуствува заедно со уште неколку други бугарски политичари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top