| четврток, 6 декември 2018 |

Тексас ја изврши 500-тата смртна казна

Во американската сојузна држава Тексас синоќа беше извршена 500-тата смртна казна во последните 40 години. Педесет и двегодишната Кимберли Мекарти беше осудена на најстрога казна поради убиство на 70-годишна жена при грабеж во Далас во 1997 година.

Мекарти е прогласена за мртва во 18.37 часот по локално време, 20 минути откако ѝ е вбризгана смртоносната инјекција пентобарбитал. Овој вид на извршување смртна казна се користи во Тексас од 1972 година, а до тогаш се користел електричен стол кој бил забранет од Врховниот суд со образложение дека е премногу суров начин на казнување.

Тексас е лидер во САД по број на извршени смртни казни. Смртната казна сѐ уште се применува во 34 сојузни држави во Америка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top