| четврток, 6 декември 2018 |

Како Михаил ја наслика Каролина Гочева?

Михаил Корубин, сопругот на македонската поп-дива Каролина Гочева ја наслика својата љубена и токму тој портрет ја красеше сцената на синоќешниот концерт во МОБ.

Токму портрет од Каролина кој тој го ја краси насловната слика на албумот „Извор“.

Публиката ја пречека Каролина со силен аплауз, и сосема заслужено ја испрати на нозе, пеејќи го заедно со неа новиот хит, „Ѕвона“. Каролина Гочева и нејзините фанови успешно го скршија мразот на првиот, од седумте закажани концерти во МОБ.

фото: Стефан Рајхл

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top