| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски стрип-автори ќе се претстават на фестивал во Лесковац

Преку 30 еминентни стрип-автори од разни генерации ќе бидат претставени на изложбата „Македонскиот стрип денес“, која ќе се организира овој викенд во склоп на 15. Балканска смотра на млади стрип-автори во Лесковац, Република Србија.

Истовремено на овој еминентен стрип-фестивал во натпреварувачкиот дел ќе бидат презентирани и дела на автори од повеке земји.

Организаторите на оваа смотра имаат воспоставено тесна соработка со стрип-сцената во Македонија, овозможувајќи им контакти со стрип-автори и организатори на фестивали. На  скорешниот Интернационален стрип салон, којшто традиционално се организира во Велес, на Марко Стојановиќ, стрип-сценарист и организатор од Лесковац, ќе му се додели специјално признание за помош во развојот на македонскиот стрип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top