Иванка Трамп ќе ја предводи делегацијата на САД на затворањето на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја.
Ќерката на претседателот Доналд Трамп, заедно со висок советник на Белата куќа, денес пристигнаа во Сеул, каде освен вечера со јужнокорејскиот претседател Мун Џае Им, не се предвидени други дипломатски контакти.
Трамп се очекува да остане подалеку од политиката, и времето да го помине на oлимписките настани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.