| четврток, 6 декември 2018 |

Задкулисни игри во Белата куќа: Иванка Трамп вработените зад грб ја нарекуваат со погрдни имиња

Иванка Трамп не е најомилената личноста од Трамповата администрација, судејќи според информациите кои ги дознава Венити Фаер. Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, која волонтерски работи како асистентка на претседателот во Белата куќа, наводно има разни  прекари со кои меѓу себе ја викаат вработените, но кои никако не се восхитувачки.

Оној кој најмногу и се закачи е  “Princess Royal”, како што се нарекувале најстарите ќерки на монархот, а така своите ќерки ги нарекувале воглавно британските господари. Иванка Трамп кај некои предизвика неверување кога на самитот Г20 седна на местото резервирано за нејзиниот татко. Многумина ја обвинија дека ја користи ситуацијата и дека станува збор за непотизам на што реагираше и Трамп.

-Да не е моја ќерка, би и било многу полесно во животот. Тоа што е моја ќерка веројатно е единствената работа која и оди лошо во животот, да ви кажам искрно – рече тогаш Трамп за својата ќерка, која иначе е претприемач, поради што беше и една од најјаките алки во текот на предизборната кампања во привлекувањето на женските избирачки гласови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top