| четврток, 6 декември 2018 |

Трибина за актуелните аспекти на книжевната критика

Друштвото на писателите на Македонија и Институтот за македонска литература при УКИМ денеска напладне ќе организираат трибина за актуелните аспекти на книжевната критика. На трибината насловена „Критиката – актуелни аспекти“ ќе учествуваат критичари, есеисти, универзитетски професори, теоретичари и писатели.

– Повод за дискусија е објавувањето на зборникот „Критика и молк: читање на македонската литература и култура“ со трудови од меѓународната научна конференција што Институтот за македонска литература ја одржа во МАНУ минатата година, соопшти ДПМ.

Во зборникот се објавени искажувањата на педесетина македонски и странски проучувачи на литературата и културата, професори и критичари од повеќе академски центри и проследувачи на книжевноста и уметностите од македонската културна сфера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top