МЗТ Скопје во следната сезона ќе игра во Еврокупот во кошарка, откако македонскиот шампион доби вајлд-карта за настап.„Металците“ пред два месеци во Барселона ја поднесоа кандидатурата за вајлд-карта, а денеска добија и потврда дека ќе играат во второто по квалитет европско клупско натптреварување во кошарка.
„Управата на КК МЗТ Скопје Аеродром АД Скопје, ја информира јавноста дека е прифатено барањето на македонскиот кошаркарски шампион преку вајлд-карта да настапува во Еврокуп натпреварувањето од сезоната што престои. Еврокуп натпреварувањето од оваа сезона ќе брои 48 екипи, кои ќе бидат поделени во осум групи, а меѓу нив за првпат ќе се најде и македонски преставник во тимот на МЗТ Скопје Аеродром, кој ланската сезона успешно дебитираше и во регионалната АБА лига“ – се вели во соопштението на официјалната веб-страница на МЗТ Скопје.
Според најавите за новиот формат на натпреварување во Еврокупот, групите ќе бидат поделени по региони, па МЗТ Скопје ќе се најде во друштво на тимови од околните земји, сигурно и со некоја од екипите што ќе им биде ривал на „металците“ во рамките од АБА-лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МЗТ симнат од тронот, Работнички е нов шампион на Македонија!
-
Мекејлеб ја напушта Сарагоса: Причина е смртта на неговата мајка
-
Еуфорично славје во „Јасмин“: Кошаркарите на МЗТ ја прескокнаа оградата и славеа на трибина со навивачите (фото)
-
Фијаско на македонските кошаркарки во Италија, загубија со 60 коша разлика