Да Заборавам” е песна под реден број седум од неодамна излезениот нов албум на познатата пејачка Дани Димитровска – насловен како „Град За Љубов“.
После успешната промоција на албумот во ноември минатата година, Дани продолжува со реализирање на видеа за песните од албумот. Режисер на видеото „Да Заборавам“ е на Дејан Матиќ – Део со техничка поддршка од Чочо.
– „Да Заборавам” е акустична љубовна изјава, разговор со себе. Не постои дефиниција, нека си ја доживее секој во своја верзија. Мојата „верзија” за оваа песна е дека ми е хит. Во срцето… изјави Димитровска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.